
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида, објави Белата куќа.
Белата куќа не издаде посебно соопштение за ова прашање, но во распоредот за викендот испратен до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, објави „Њујорк тајмс“.
Не беа објавени дополнителни детали.
Зеленски го објави состанокот на социјалните мрежи во петок.
Тој рече дека ќе објави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главниот фокус на состанокот ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.











