Земјите кои не преговарале за трговски договор или не добиле писмо за царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе добијат одговор од САД за условите за трговија до крајот на денот, објави денес Белата куќа.
„Трговскиот тим работи деноноќно за да се обиде да биде во кореспонденција со што е можно повеќе земји, но доколку сè уште не добиле одговор од нас, ќе добијат одговор во форма на писмо или извршна наредба до полноќ вечерва“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите, пренесе Ројтерс.
На 7 јули, Трамп објави писма упатени до лидерите на 14 земји, во кои најави воведување царини од 25 до 40 проценти против нивните земји, кои ќе стапат на сила од 1 август, објави Танјуг.
Тогаш беше објавено дека земјите со кои преговорите за царини сè уште се во тек, доколку не се постигне договор, ќе добијат такво известување најдоцна до истиот датум.
Новите царини на Трамп стапуваат на сила идната недела, за стоките од Македонија 15 отсто!