Белата куќа и нареди на американската војска да се фокусира на спроведување „карантин“ на венецуелската нафта

84
EPA-EFE/WILL OLIVER

Белата куќа ѝ нареди на американската војска речиси исклучиво да се фокусира на спроведување „карантин“ на венецуелската нафта најмалку во следните два месеци, изјави денес за Ројтерс неименуван американски функционер.

Според него, додека воените опции остануваат, приоритет на администрацијата е да изврши економски притисок преку строго спроведување на санкциите за да се постигнат целите што ги очекува Белата куќа.

Ваквата одлука би можела да ги намали шансите за директни копнени напади на САД врз Венецуела, што американскиот претседател Доналд Трамп постојано го споменува како можна опција, според Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ