Белата куќа ги отстрани новинарите на „Волстрит журнал“ поради приказната за Епстајн и Трамп

56
EPA/Al Drago / POOL

Белата куќа одлучи да го отстрани „Волстрит џурнал“ (WSJ) од редакцијата на новинари за време на претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Шкотска, откако весникот објави статија во која го поврзува Трамп со американскиот финансиер Џефри Епстајн.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека промената е направена поради „лажното и клеветничко однесување“ на весникот, поточно во врска со статијата од 17 јули во која се дискутираа подароците на Епстајн за 50-тиот роденден, вклучувајќи писмо со името на Трамп и цртеж, пренесе Си-Ен-Ен.

Левит истакна дека на новинарите на WSJ, нема да им биде дозволено да го придружуваат претседателот за време на посетата.

Пристапот до претседателот претходно беше регулиран од Здружението на дописници од Белата куќа (WHCA), но во февруари Белата куќа ја презеде контролата, предизвикувајќи загриженост кај новинарите за можна политичка цензура.

„Нема законска обврска за еден медиум да му биде загарантиран пристап до известување за претседателот“, додаде Левит, објаснувајќи дека 13 медиуми ќе учествуваат во медиумското покривање на посетата на Трамп на Шкотска.

Одлуката на Белата куќа беше дочекана со осуда од организациите што ја поддржуваат слободата на медиумите.

Претседателот на WHCA, Веиџија Џијанг, рече дека ваквите владини мерки ја загрозуваат слободата на печатот и ја повика Белата куќа повторно да ги вклучи „Волстрит џурнал“ во медиумското известување.  Весникот не ја коментираше одлуката на Белата куќа, но претходно ја бранеше точноста на своите извештаи за Епстајн.

ИЗДВОЕНИ