Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Зборувајќи за печатот, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит се осврна на пораката од самиот Трамп, која гласи:
„Врз основа на фактот дека постои значителна шанса за преговори што може или не може да се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да влезам или не во следните две недели.
Ливит додаде дека „коресподенцијата со Иран продолжува“, пренесува Индекс.хр.