Бела куќа: Трамп верува дека нападот врз Доха е шанса за мир

148
EPA/AL DRAGO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека нападот на Израел врз главниот град на Катар, Доха, може да биде можност за мир, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Претседателот Трамп верува дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за мир. Претседателот разговараше и со емирот и премиерот на Катар и им се заблагодари за нивната поддршка и пријателство кон нашата земја“, рече Ливит.

Таа додаде дека Трамп ги уверил катарските лидери дека „нешто вакво нема да се случи повторно на нивна територија“.

Израелските власти претходно изјавија дека САД биле информирани однапред за нападот врз лидерите на Хамас во Доха, пренесе Срна.

ИЗДВОЕНИ