Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е целосно исклучена, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
„Мислам дека претседателот и целата администрација се надеваат дека тоа може да се случи повторно еден ден, но сакаме да се осигураме дека од таа средба ќе произлезе опиплив позитивен резултат“, рече таа на прес-конференција, објави „Ројтерс“.
Според неа, Трамп не видел доволно акција од Русија кон постигнување мир и сака да види акција, а не само зборови за завршување на војната.
Ливит рече дека Трамп е сè повеќе фрустриран и дека од него зависи дали ќе има повеќе санкции против Русија, пренесува „Танјуг“.
Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.