Првата дама Меланија Трамп ќе претседава со состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во понеделник, 2 март, со фокус на образованието како алатка за толеранција и глобален мир, објави денес Белата куќа.
Како што е наведено, Меланија Трамп ќе го истакне образованието како алатка за промовирање на толеранција и глобален мир за време на сесијата, кога САД ќе го преземат месечното ротирачко претседателство, објавува Ројтерс.
Како што истакнува прес-службата на Меланија Трамп, ова ќе биде прв пат сегашна прва дама на САД да претседава со сесија на Советот за безбедност на ОН.












