Популарните манекенки објавија соопштение за неодамнешното откритие кое го шокираше и воодушеви нивното семејство.
Моделите Џиџи (30) и Бела Хадид (28) се меѓу најуспешните супермодели на денешницата и секојдневно се на мета на папараците, но сега дознавме дека и во такви околности ѕвездите можат да чуваат неколку тајни.
Познатите убавици со заедничко соопштение во јавноста објавија дека имаат уште една сестра. Дваесетгодишната девојка по име Ајдан Никс е родена по кратката романса на нивниот татко Мохамед Хадид со жена по име Тери Хетфилд Дал, пренесува NY Post.
Како што истакнаа Бела и Џиџи, оваа врска се случи откако Мохамед се разведе од нивната мајка Јоланда во 2001 година.
– Пред повеќе од 20 години нашиот татко додека беше самец имаше кратка врска која доведе до бременост – објаснија сестрите Хадид.
Тие истакнаа дека самата Ајдан до неодамна не знаела дека е ќерка на Мохамед Хадид.
„Ајдан е родена и израсната на Флорида, каде што ја одгледа човекот што го знаеше како нејзин татко до неговата смрт, кога имаше 19 години“, рекоа Бела и Џиџи во соопштението.
Меѓутоа, тогаш од љубопитност решила да направи ДНК тест и открила дека е биолошки поврзана со семејството Хадид. Излегува дека познатите манекенки се нејзини полусестри, а судејќи по фотографиите на Ејдан, таа многу личи на нејзиниот биолошки татко и Бела.
Бела и Џиџи знаат за Ајдан Никс веќе некое време, а првпат стапиле во контакт кон крајот на 2023 година. Оттогаш, велат тие, поминале време заедно, а нивниот татко Мохамед ја прифатил својата ќерка со раширени раце.
– Благодарни сме за ова неочекувано и убаво проширување на семејството – заклучија познатите сестри и побараа почитување на приватноста на Ејдан Никс.
„Ние љубезно бараме од другите да ги почитуваат нејзините желби и правото на анонимност додека таа го води својот живот како млада жена во Њујорк“, велат тие.
View this post on Instagram
View this post on Instagram