Бел Камен ќе добие водовод

43

Град Скопје во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, започна со поставување на нова водоводна мрежа во Бел Камен, во должина од над 600 метри.

-Овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом –  истакна градоначалнкот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

По поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.

-Со тоа, конечно се става крај на долгогодишната голгота на жителите и се создаваат услови за нормално и достоинствено живеење.  Ваквите зафати ќе продолжат и во останатите населени места, затоа што решавањето на наталожените проблеми и подобрувањето на условите за живот се наш приоритет – заклучи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ