
Герет Бејл е еден од најважните играчи во историјата на велшкиот фудбал, кој ја освои Лигата на шампионите пет пати, Светското клупско првенство три пати и Суперкупот на УЕФА во дресот на Реал (М). Крилниот напаѓ го напушто „кралскиот клуб“ во 2022 година и се упати кон северноамериканската МЛС лига, каде што ја одигра својата последна сезона.
Се пензионираше пред три години, но дефинитивно не му е здодевно. „Само поминувам време со моето семејство и уживам во тоа“, изјави Бејл за шпанскиот весник „АС“. Велшанецот е во брак со својата љубов од детството Ема Рис-Џонс од 2019 година.
Но, токму неговите четири деца, на возраст помеѓу 4 и 12 години, го прават особено среќен. Бејл е горд што повеќе не мора да биде отсутен секој викенд и може да ги гледа како растат. „Чувствувам дека многу пропуштив кога бев играч“, признава тој со воздишка.
Но, има едно нешто што не го очекувал. Кога станува збор за неговите деца, тој сега има важна улога – тој мора да биде нивен возач.
„Имам многу деца, па морам многу да работам како таксист. Но да, понекогаш се среќавам со пријатели и одвојувам малку време за релаксација“, објасни 36-годишниот Велшанец.
Иако се чини дека не му недостига времето поминато како професионален фудбалер, неговата страст за спортот е сè уште присутна. Гарет Бејл дури размислува за враќање во фудбалот во својата татковина како ко-сопственик на Кардиф Сити.
Бејл ја започна својата професионална кариера во Кардиф Сити, каде што покажа извонреден талент и го привлече вниманието на големите европски клубови, но во 2007 година се пресели во Тотенхем.
Во Тотенхем, Бејл стана клучен играч, особено познат по своите неверојатни спринтови и голови од далечина. Сезоната 2012/2013 беше неговиот врв во клубот, кога постигна 26 гола во Премиер лигата, а кратко потоа се пресели во Реал (М) за тогаш рекордни 100 милиони евра.
Тој одигра посебна улога во велшката репрезентација, а на 111 натпревари постигна 41 гол. Неговата меѓународна кариера траеше од 2006 до 2022 година.
Последен настап за националниот тим беше на 29 ноември 2022 година во натпревар против Англија на Светското првенство, со што ја заврши својата репрезентативна кариера.











