Жељко Бебек го прослави својот 80-ти роденден на најубав начин. Познатиот рокенрол пејач прослави во друштво на сопругата Ружица и децата – синот Звонимир и ќерката Катарина.
Не беше само роденден, туку и годишнина од љубовта на Жељко и Ружица.
„80 години живот, музика, љубов и моето срце е полно. Ви благодарам за пораките, честитките и енергијата што постојано ми ја давате! Ваш Бебек“, објави пејачот на својот Инстаграм профил.
Сепак, пораката на денот ѝ припаѓа на неговата љубов.
„Среќен роденден, љубов! Твоите први 80, а нашите 28. Каков крал си, татко на моите деца, мое сè. Те сакам. Ти знаеш сè, секогаш – засекогаш“, напиша Ружица Бебек.
View this post on Instagram












