среда, јануари 21, 2026
Дома БАЛКАН Бебе се роди во такси во Црна Гора

Бебе се роди во такси во Црна Гора

62

Бебе во црногорскиот град Никшиќ се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.

Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.

„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.

Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.

Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.

Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.

ИЗДВОЕНИ