Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес, пренесе МИА.
-Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција – соопшти СВР Велес.












