Бебе на возраст од осум дена без знаци на живот донесено во болницата во Прилеп

22

Осумдневно бебе од Прилеп било вчера донесено на детското одделение во прилепската болница без знаци на живот. Бебето починало, а прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет и нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според СВР Битола, во полицијата за случајот било пријавено вчера изутрината во 8.35 часот.

Во 8,35 часот вчера на 11 декември е пријавено дека на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена. По  наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција, соопштуваат од СВР Битола.

Од Основното јавно обвинителство го потврдуваат случајот и велат дека е отворен предмет зашто родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето.

За случајот бевме известени во 8,10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Семејството живее во периферната населба „Три Багреми“ во Прилеп и бебето било нивно трето дете

ИЗДВОЕНИ