вторник, февруари 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА БДП идната година ќе биде над 10 илјади долари по глава на...

БДП идната година ќе биде над 10 илјади долари по глава на жител

41

Номиналниот домашен бруто-производ по глава на жител идната година ќе надмине 10 илјади долари, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека очекува растот на реалниот домашен бруто-производ да биде над 3,5 % годинава, а на номиналниот – повеќе од 7,5 %. Повтори дека во октомври инфлацијата ќе биде нешто над трендот во изминатите месеци, односно дека ќе се движи меѓу 4 и 4,5 проценти поради ниското ниво минатата година.

– Очекувам пристојно намалување во ноември и во декември, така што просечната годишна стапка на инфлација оваа година ќе заврши меѓу 3,5 и 4 проценти, што е една од најниските во Европа и во регионот – рече Мицкоски.

Истовремено, додаде дека очекува следната година нивото на инфлација да се движи меѓу два и три проценти.

Од друга страна, очекува растот на реалниот домашен бруто-производ да биде над 3,5 проценти, а на номиналниот – над 7,5 проценти.

– Ќе се приближиме до целта на оваа Влада, а тоа е до крајот на мандатот да имаме бруто домашен производ од 20 милијарди долари. Тој број ќе го стигнеме веќе следната година и оваа година првпат номиналниот домашен бруто-производ по глава на жител ќе има петцифрен број во долари. Односно, над 10 илјади долари ќе биде домашниот бруто-производ по глава на жител – рече Мицкоски.

Тој посочи дека со тоа, стратешките цели што ги планирале за крајот на мандатот на оваа Влада, ќе бидат реализирани следната година.

– Што е добро и охрабрувачки. Тоа е практично и дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, но, исто така, и сите меѓународни финансиски институции ги нивелираат и ги зголемуваат прогнозите и проекциите за раст на економијата во државата – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ