Берлинчани не сакаат Олимписките игри да се одигруваат во нивниот град

27
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Мнозинството Берлинчани не сакаат градот да се кандидира за домаќин на Олимписките игри, според анкета објавена во понеделникот.

Анкетат ја нарача весникот „Тагесшпигел“ а во неа 67 отсто од испитаниците се изјасниле против кандидатура за Олимписките игри 2036, 2040 или 2044, 27 отсто го поддржале тој план, а 6 отсто биле неодлучни.

Германската конфедерација на олимписки спортови планира во третото тромесечје од 2026 година да одлучи кој глад или регион ќе се кандидира и за кои Летни игри. Се разгледуваат кандидатурите за Олимписките игри 2036, 2040 или 2044 година, а се планира во кандидатурата да се изјаснат градовите Берлин, Хамбург и Минхен, како и регионот Рајна-Рур.

И поркај резултатите од анкетата, берлинските олимписки планери не се сомневаат дека постои силна поддршка за градската кандидатура.

„Феномен е дека во Берлин секогаш се расправа на долго и на широко. Но, на крајот се појавува динамика и голем ентузијазам“, изјави за агенцијата дпа олимпискиот претставните Каве Нироманд.

Нироманд и претседателот на Берлинскиот државен спортски сојуз Томас Хертел во оваа фаза не гледаат причини за загриженост.

Хертел рече дека другите анкети покажуваат поголемо ниво на поддршка на кандидатурата на Берлин за домаќин на игрите. Меѓутоа, јасно даде до знаење дека „резултатите од анкетата значаи дека уште се соочуваме со голем предизвик и дека мораме да го смениме јавното мислење“.

Нироманд најави неколку постапки осмислени за подобрување на атмосферата во градот. Сите акции се пранирани за септември 2026 година, кога Германската конфедерација на олимписки спортови ќе одлучи за германскиот град кандидат.

Германија беше домаќин на Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин и во 1872 година во Минхен, како и на Зимските олимпски игри во 1936 година во Гармиш-Партенкирхен“. Неколку кандидатури оттогаш пропаднаа или беа прекинати со референдуми.

ИЗДВОЕНИ