Баварскиот административен суд даде зелено светло за консумирање канабис во парковите во Минхен

21
Фото:википедија

Баварскиот административен суд дозволи консумирање канабис во паркот „Англиска градина“ во Минхен, како и во други паркови, по жалбата на двајца корисници на супстанцијата, објавија денес германските медиуми.

Според судот, забраната во овој парк во Минхен е нелегална, објави „Шпигел“.

Во усната постапка, надлежниот панел на судии веќе истакна дека ваквите далекусежни прописи бараат доказ за опасност или значителни непријатности за другите луѓе предизвикани од употребата на марихуана.

Како што наведе судот, тужбата и пресудата се затоа и последица на многу рестриктивниот курс што го следи баварската покраинска влада во врска со делумната легализација на канабисот.

Тужбата поднесена од двајцата мажи до Баварскиот административен суд беше таканаречена судска постапка за преиспитување, со која се оспорува забраната на Баварија за пушење марихуана во целиот парк „Англиска градина“ и соседните паркови Хофгартен и Финанцгартен.

Јужниот дел од „Англиската градина“, од Хофгартен до Митлерер Ринг, е многу популарен и содржи туристички атракции како што е Моноптер.

Како што наведоа тужителите, подалеку на север, паркот станува многу попростран и поизолиран, со малку туристи што го посетуваат тој дел.

Тие го поставија прашањето, зошто пушењето марихуана не треба да биде дозволено ако тоа не му пречи на никого.

Баварија сега може да поднесе жалба на пресудата до Сојузниот административен суд, во спротивно, пресудата ќе стане правно обврзувачка, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ