За големиот скандал во мак-фудбалот и дуелот меѓу Кожуф и Башкими, кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута, се јавија и од фудбалскиот клуб од Куманово, од каде што се обидоа да се одбранат, но не го објаснија најважниот дел: зошто му дозволи противникот лесно да постигне гол во момент кога беше нерешено?
- Нашиот клуб со најголема одговорност информира дека секој натпревар, вклучувајќи го и овој со Кожуф, е чист и заслужено ги освоивме трите бода во нашата борба за пласман во Првата лига. Силно веруваме дека нападот врз нас брзо ќе се заборави, бидејќи нема никаков доказ, ни индикација дека Башкими играл нефер – се вели, меѓу другото, во соопштението на кумановскиот клуб.