Башар ал-Асад е отруен и е во болница во Москва?

206

Здравствената состојба на соборениот сириски претседател Башар ал-Асад,  е доведена во прашање по непотврдените извештаи дека бил отруен во Русија каде што живее сега и е однесен во болница.

Сириската опсерваторија за човекови права предизвика контроверзи барајќи од руските власти да дадат официјално објаснување за извештаите дека тој е примен во болница во московско предградие во критична состојба откако бил отруен. Руските власти не дадоа никаков официјален коментар за овие обвинувања, пишуваат арапските медиуми.

Активистите на социјалните медиуми шират голем број контроверзни тврдења во врска со здравствената состојба на Башар ал-Асад во Москва. Во јануари 2025 година, слично тврдење се појави на социјалните медиуми откако корисник на Телеграм по име Генерал СВР наводно објавил дека поранешниот сириски претседател се разболел сериозно откако некој се обидел да го отруе во обид за атентат, објави „Сан“.

ИЗДВОЕНИ