Kошаркарот на Басконија, Чима Монеке, би можел да ја смени средината ова лето и да го напушти шпанскиот тим. Тој јасно стави до знаење дека главна работа при изборот на нов клуб се парите, па затоа неколку гиганти тргнаа по неговиот потпис.
Неговиот договор со Басконија истекува на крајот од сезоната и многу е веројатно дека ќе ја напушти Виторија, но би можел да остане во Шпанија. Според локалниот „Солобаскет“, Барселона го сака и се забележува дека тој е главна цел на генералниот менаџер, Хуан Карлос Наваро. Монеке оваа сезона во Евролигата имаше просек од 14 поени, 6,1 скок и 2,3 асистенции на натпревар.
Каталонците наводно сакаат да го спојат со Торнике Шенгелија, кој е речиси „на прагот“ на Барселона.