Управата на Барселона веќе размислува за следната сезона и се насочува кон доведување квалитетни засилувања. Каталонскиот гигант ја „пикира“ ѕвездата на Виртус Болоња, Торнике Шенгелија, која треба да се пресели во Шпанија и да добие договор вреден околу два милиона евра годишно.
Грузискиот ветеран има 34 години, но прикажа одлична форма и сезонава просечно бележеше 15,6 поени и пет скока во Евролигата, но извесно е дека ќе го напушти Виртус, кој имаше очајна сезона на елитното натпреварување.
Тој ја започна кариерата во Валенсија, а потоа играше за Шарлоа, Бруклин нетс, Чикаго булс, Басконија и за ЦСКА Москва.