Барселона против масовниот туризам се бори со – водени пиштоли!

81
Foto: Pexels

Неодамнешните протести против масовниот туризам во Барселона привлекоа внимание со необичен пристап – наместо транспаренти и говори, некои демонстранти користеа водни пиштоли. Сè повеќе жители на Шпанија одлучуваат да го изразат своето незадоволство на овој симболичен начин поради прекумерниот број туристи и негативните последици што ги оставаат врз локалната заедница, пишува The Independent.

Идејата првпат се појави минатиот јули, кога антитуристичка иницијатива во Барселона организираше протест со цел да се посочат штетните ефекти од туризмот. Поради високите температури, некои учесници донесоа водни пиштоли за да се разладат, а од ова спонтано се разви нова форма на изразување на отпор.

„Видеото стана вирално, но всушност беше спонтан чин на група луѓе кои само се обидуваа да се справат со жештината“, објасни за The Associated Press Адријана Котен од групата „Соседско собрание за намалување на туризмот“. Во април, истата група запре туристички автобус во градот, а овој викенд протестите продолжија. Околу илјада луѓе се собраа на познатата луксузна улица, омилена меѓу богатите посетители, со намера да се упатат кон Саграда Фамилија – но полицијата ги спречи во тоа.

Демонстрантката Лурдес Санчез и нејзината ќерка тинејџерка, кои држеа водени пиштоли, рекоа дека пиштолот „навистина нема за цел за да повреди некого. Ова е симбол што покажува дека ни е здодеано од тоа како туристичката индустрија ја претвора нашата земја во забавен парк“. Друг демонстрант, Андреу Мартинез, призна дека тоа било „малку за да ги вознемири туристите“.

ИЗДВОЕНИ