Кошаркарот на Барселона, Дарио Бризуела, претрпе повреда на тетивата, објави шпанскиот клуб.
- Дарио Бризуела се врати од Европското првенство со повреда на десната тетива, што е утврдено со тестовите спроведени од Медицинската служба, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанскиот бек ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Џирона во петок, додека развојот на повредата ќе го одреди времето на неговото закрепнување.
Шпанската репрезентација беше елиминирана во групната фаза на годинашното Европско првенство, каде што Бризуела имаше просек од 8,2 поени, 2,8 асистенции и 1,4 скока.
Бризуела (30) е член на Барселона од 2023 година, за која минатата сезона бележеше во просек по 10 поени по натпревар во Евролигата.