Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, веќе долго време е на радарот на Барселона, но очигледно е дека се наѕира крајот и дека наскоро ќе стави потпис на толку посакуваниот договор.
Прво беше на радарот на Арсенал, а потоа Баерн одеднаш се вмеша и се обиде на секој начин да го доведе, но тој цело време ја чекаше понудата од Барселона, која сега, конечно, ја доби.
Имено, Барселона и Нико Вилијамс постигнаа договор и тој ќе потпише шестгодишен договор. Новиот играч на Барселона ќе заработува помеѓу 7 и 8 милиони евра годишно, што е помалку од очекуваното.
Барселона сега се обидува да се договори за трансферната цена со Атлетико Билбао, но играчот има откупна клаузула од 62 милиони евра.
Оваа информација ја потврди и добропознатиот спортски новинар Фабрицио Романо.
- Нико Вилијамс и Барселона се согласија за шестгодишен договор. Сè е договорено помеѓу играчот и клубот. Договор до јуни 2031 година и плата од околу 7 или 8 милиони евра од сезона. Барселона го финализира договорот со Атлетико – пишува Романо.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, претходно зборуваше за трансферите и најави доаѓање на големо засилување.
- На прагот сме на голем трансфер. Ќе го доведеме играчот што го сакаме – рече Лапорта, а очигледно е дека тоа ќе биде Нико Вилијамс.