Екипата на Барселона ја отвори сезоната на Лигата на шампионите со победа.

Шпанскиот гигант славеше над ГОГ Гудме со 37:32. Фаворитот водеше цел меч, а разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на полувремето, кога беше 25:14 за најтрофејниот клуб во Европа. Фернандез имаше шест гола кај победникот, Елдера додаде пет, а кај ГОГ, Вилхемсен и Митун имаа по пет.

Дербито на денот го одиграа Фуксе Берлин и Нант, а победи германскиот тим со 34:40. Гидсел имаше блескав дуел со десет гола, а кај францускиот тим, Ривера даде седум.

Сигурно беше и Киелце, кое, како голем фаворит, беше подобро од Колштад со 38:27. Каралек даде седум гола за Киелце, Сичко, Душебаев и Јарошевич имаа по пет, додека за Колштад, Јепсом, Содена и Ховде дадоа по четири.

Изненадување приреди Висла Плок, која славеше на гости кај тимот на ПИК Сегед со 34:33. Најдобар стрелец кај Висла беше Мелвин Ричардсон со 12 постигнати гола, Абел Сердио Гунтин погоди пет пати, додека кај Сегед, Марио Шоштариќ даде девет, а Гарсиандиа седум гола од седум обида.

Овој дуел го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Во првото коло од групата Б во Лигата на шампионите, победија и Магдебург и Еурофарм Пелистер.

ИЗДВОЕНИ