Околу 150 социјални, работнички и политички организации во Каталонија побараа суспензија на натпреварот од Евролигата помеѓу Барселона и Макаби Тел Авив, меч кој е закажан за 6 јануари како дел од 20. коло.
Апелот на овие организации беше составен преку манифест од групата „Prou Complicitat amb Israel“ („Доста соучество со Израел“), во кој, меѓу другото, се наведува дека играњето на натпреварот со израелскиот тим го легитимира насилството врз палестинскиот народ и го користи спортот како средство за прикривање на кршењето на човековите права.
Според оваа платформа, во Каталонија постои општествен и политички консензус за забрана на споменатиот натпревар, без оглед на фактот дека Барселона веќе објави дека натпреварот ќе се игра пред затворени врати.











