Поранешниот голман на Еспањол, Жоан Гарсија, се пресели во Барселона, соопшти каталонскиот клуб. Оттаму наведоа дека ја активирале откупната клаузула за голманот на Еспањол и со тоа му платиле на градскиот ривал 25 милиони евра за него. Инаку, тие потпишаа договор со него до 2031 година.

Тој дојде преку младинската академија на Еспањол, за чиј прв тим дебитираше во 2021 година. Одигра вкупно 67 натпревари за Еспањол, а во сезоната 2024/2025 беше избран во идеалниот тим на Ла Лига.

Тројца голмани играа за Барселона во неодамна завршената сезона: Марк-Андре тер Штеген, Војчех Шчесни и Ињаки Пења.

ИЗДВОЕНИ