Поранешниот кошаркар на Бостон, Мајлс Норис, наскоро би можел да стане нов играч на Барселона. Неколку шпански медиуми потврдија за интересот на Барселона да го доведе Норис од НБА во своите редови.
Норис (25) е висок 211 сантиметри и игра како крилен центар, а минатата сезона играше за Мемфис хасл во НБА Џи-лигата, каде што имаше просек од 17,1 поен и 3,9 скока, како и за Мејн селтикс, каде што имаше 16,2 поени и пет скока.
Барселона би ја затворила крилната позиција со Норис, откако ги доведе Вил Клајбурн и Торнике Шенгелија на тие позиции.
Нема сомнение дека играчот со искуство во НБА би придонел уште повеќе за Барселона.