Американскиот кошаркар Вил Клајбурн ќе стане нов играч на Барселона. Искусниот крилен центар (35) пристигнува во „Блауграна“ како замена за Џабари Паркер, кој ќе се пресели во Партизан.

Клајбурн повторно ќе игра покрај Торнике Шенгелија, кој, исто така, доаѓа во Барселона. Минатата сезона во Евролигата, Вил имаше просек од 13,8 поени, 4,7 скока и 2,4 асистенции за тимот на Виртус Болоња. Тој помина само една година во Болоња, пред тоа играше две години за Ефес, додека поголемиот дел од времето го помина во ЦСКА од Москва. Тој беше шампион и во 2019 година со „армејците“, кога беше и МВП на фајналфорот, но и член на идеалната петорка на елитното натпреварување.

ИЗДВОЕНИ