Барселона би можела наскоро да направи тренерска промена, бидејќи позицијата на Александар Секулиќ е сериозно разнишана по слабите резултати и незадоволителните игри на каталонскиот гигант.

Според шпанскиот медиум „Ел Еспањол“, раководството на клубот не е задоволно од моменталната ситуација, а како еден од главните кандидати за негов наследник се споменува Пабло Галбиати, кој неодамна ја напушти Басконија.

Последниот тежок удар за Барселона беше убедливиот пораз од Хувентуд со 113:100 во шпанското првенство. Иако каталонците само два дена претходно одиграа исцрпувачки натпревар со продолженија против Олимпијакос, тоа не ги намали критиките за нивната игра. Барселона моментално се наоѓа на десеттото место во АЦБ-лигата со две победи и два порази, додека во Евролигата има скор од 3-3 и повторно е на десеттата позиција.

ИЗДВОЕНИ