Кошаркарскиот клуб Барселона потврди дека новиот тренер Чави Пасквал ќе потпише договор со важност до јуни 2028 година. Тој официјално ќе го преземе тимот на 17 ноември. Договорот со 53-годишниот експерт е постигнат по директни разговори меѓу претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Жозеп Кубелс со Пасквал, во време кога клубот поминува низ многу тежок финансиски период.

Пасквал на тој начин ќе седне на клупата на Барселона по втор пат. Тој го водеше клубот од 2008 до 2016 година, за време на еден од најтрофејните периоди во историјата на „блауграната“. За осум години, тој освои 19 трофеи – Евролигата, четири титули во шпанската АЦБ-лига, три Купа дел Реј, четири Суперкупа и седум каталонски првенства.

ИЗДВОЕНИ