
Летниот преоден рок во Европа што е зад нас беше многу интересен, а бевме сведоци на неколку спектакуларни трансфери.
Еден од клубовите што беше најактивен на ова поле е лондонскиот премиерлигаш Арсенал, кој сериозно го засили својот играчки кадар ова лето со Џокереш, Езе, Мадуеке, Зубименди, Москера, Кепа…
Иако зимскиот преоден рок е далеку, „топчиите“ веќе размислуваат за иднината и се заинтересирани за бразилското „чудо од дете“.
Станува збор за 19-годишниот талентиран дефанзивец на Палмеирас – Луиз Бенедети кој е еден од оние играчи на кои им се предвидува одлична кариера, а доволен показател за тоа се клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.
Покрај „топџиите“, за Бразилецот се заинтересирани и Барселона и Наполи, барем така тврди шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот гигант е актуелен шампион на Шпанија, а Наполи е на Италија, што доволно зборува за талентот и квалитетот што го поседува ова младо момче.
Сега има еден вид трка за да го доведат, и ќе видиме кој ќе го обезбеди потписот на Бенедети на крајот. Што се однесува до самиот играч и неговиот избор, засега е непознато кон која страна од трите најмногу се наклонува.
Ханси Флик и Микел Артета се познати по тоа што им даваат можности на младите играчи и им помагаат во нивниот играчки развој.
Од друга страна, Антонио Конте е попознат по тоа што претпочита поискусни играчи и играчи со кои работел претходно.
Земајќи го тоа предвид, Бенедети би можел да се наклони повеќе кон Барселона и Арсенал, но италијанскиот шампиони не треба да биде отпишан прерано во оваа трка.