EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Сопствениците на барот „Le Constellation“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, каде што се случи трагедијата на новогодишната ноќ, се живи, објавија француските медиуми.

Џесика и нејзиниот сопруг Жак се брачна двојка од Корзика, Франција, кои се сметаат за реномирани угостители во Швајцарија.

Според неколку француски портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. Покрај Le Constellation, тие управуваат и со уште еден угостителски објект, ресторанот Le Vieux Chalet во Ленс.

Под нивно водство, некогаш запоставениот бар бил трансформиран во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за излегување навечер во Кран-Монтана.

Според медиумските извештаи, клубот дозволувал влез на лица под 18 години и бил единствениот во одморалиштето што дозволувал влез на малолетници.

Семеен пријател потврдил за корзиканскиот дневен весник Corse-Matin дека Морети се живи. Според овие информации, во моментот на пожарот, во барот била само Џесика Морети (40), која наводно се здобила со изгореници на раката, пренесува Telegraf.

Ниту еден медиум сè уште не можел директно да разговара со сопствениците. Еден од последните што зборуваше рече дека сите се во длабок шок.

„Изгубивме дел од нашите вработени, но многу е тешко да се зборува за тоа денес“, рече тој.

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 беа повредени кога избувна пожар во бар во луксузен швајцарски скијачки центар околу 1:30 часот наутро.

Полицијата сè уште не ја утврдила причината за пожарот, но неколку сведоци рекле дека пожарот започнал кога келнерка, танцувајќи на рамената на нејзиниот колега, држела шише со огномет премногу блиску до дрвениот таван.

Сега, како што објавуваат швајцарските медиуми, се поставуваат прашања за тоа колку било соодветно тие мини огномети да се користат како реквизити за послужување пијалоци. Извештаите, исто така, посочуваат дека клубот имал безбедносна оценка од само 6,5 од 10 на веб-страницата Wheree, иако не е јасно како е пресметана оценката врз основа на прегледите на бизнисот.

ИЗДВОЕНИ