Барон очајнички сака наследник: Mи треба млада, селска девојка, плаќам 58.000 евра/ФОТО

50

Бенџамин Слејд има 79 години и очајно сака да најде помлада жена која ќе му роди син на кого би можел да му го остави својот огромен имот. Но, постојат некои услови.

Британскиот аристократ Бенџамин Слејд (79) сака што поскоро да најде многу помлада жена која, како што самиот вели, би му дала син, наследник на целиот имот.

Според „Тајла“, Слејд е седмиот барон од Сомерсет и има малку подолг список на услови што мора да ги исполни идната сопруга. Тој зад себе го има бракот со благородничката Керол, тие беа заедно 12 години, а сè се распадна поради нејзината љубов кон мачките, таа имаше дури 17 од нив.

Тој ја напуштил својата последна партнерка кога таа наполнила 50 години, бидејќи, според него, не можела да му роди дете.

Списокот на барања за идна сопруга е, благо речено, чуден. Прво, таа мора да биде најмалку 20 години помлада, мора да има возачка дозвола, како и дозвола за летање со хеликоптер, не смее да користи дрога или алкохол и не смее да биде Скорпија во хороскопот.

Барањата не завршуваат тука… Идеално, таа треба да потекнува од угледно семејство, но не од земји што почнуваат со буквата I или имаат зелена боја на своите знамиња, што ги исклучува Италија и Индија. Шкотланѓанките, лезбејките и комунистите не доаѓаат предвид, но нему не му пречат Канаѓанките, Американките или Германките.

Исто така, треба да знае да пука со пушка, добро да танцува, да не биде повисока од 165 сантиметри, да не чита „Гардијан“, да биде во добра форма и да сака да оди и да плива.

„Она што ми треба е убава, обична, селска девојка која разбира работи. Дружељубив сум, излегувам многу и ми треба некој што се вклопува во тоа“, рече тој.

За сето ова, тој нуди надомест од 58.000 евра годишно, како и бонуси, платен одмор, автомобил и секојдневни потреби.

Слејд веќе има ќерка, но не е премногу близок со неа и верува дека му треба машки наследник кој ќе се грижи за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Ben (@sirbenjaminslade)

ИЗДВОЕНИ