
Барањето за ослободување на поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде разгледано на суд на 10 ноември, објави агенцијата „Франс-прес“, повикувајќи се на извори блиски до судството, пренесе „Бета“.
Саркози е првиот поранешен лидер на модерна Франција кој е затворен. Тој ја оспорува и пресудата и необичната одлука на судијата да го испрати во затвор додека се во тек неговите жалби.
Парискиот кривичен суд го осуди поранешниот претседател на пет години затвор кон крајот на септември за „криминален заговор“ за тоа што им дозволил на неговите блиски соработници да се приближат до Либија на Моамер Гадафи со цел да ја финансираат неговата победничка претседателска кампања во 2007 година.
Според пресудата, 70-годишниот Саркози може да поднесе барање за ослободување до апелациски суд само додека е во затвор.
Саркози очекува новото судење да започне во март, иако датумите сè уште не се официјално одредени.











