Барање на седум граѓански организации: За независните кандидати условот за изборите да биде најмногу 50 граѓански потписи

474

Со измените во Изборниот закони да се постави услов од најмногу 50 собрани потписи за независни листи на кандидати за претстојните локални избори, побараа денеска претставници на седум граѓански организации. На прес конференцијата во Скопје тие го повикаа Министерството за правда да ги вклучи нивните претставници во процесот на меѓупартиски консултации околу измените во изборната регулатива кои никако да започнат.

-По одлуката на Уставниот суд да ги укине двата члена од Изборниот законик со кои драстично беше подигнат прагот за собирање на потписи на независните кандидати потребно е да се пополни правната празнина. Се виде дека партиите имаат страв од независните листи. Со тоа Македонија покажа дека е на листата на држави кои не покажувата никакви демократски папацитети. Напротив, сега сме не само како Северна Македонија тукуи стануваме како Северна Кореа каде не е дозволен настап на независни кандидати и листи – изјави Јана Белчева од граѓанската организација „Шанса за Центар“.

Освен да се собираат само 50 потписи на граѓаните за кандидатура овие организации бараат да се дозволи и собирање на потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК, како во европските земји. Се бара и да се зголеми периодот на собирањето на потписите на 30 дена, да се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на гласачкото ливче, да се обебзеди еднаквост во утврдувањето на редоследот на единствената листа на кандидати, да се промени одредбата за пристап до медиумскиот простор и финансирање на изборната кампања…

-Ако не се предвидат нови услови ние сметаме дека независните кандидати треба да можат да се пријавуваат за учество на изборите само со своја кандидатура – изјави Борјан Јовановски, од организацијата „Зелен хуман град“. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ