Телефонските измами преку кои од стари луѓе се извлекуваат илјадници евар и кои со години се случуваат во земјава, почнаа да се практикуваат и во Хрватска и тоа зад криминалот стоел Македонец. Полицијата во Загреб, го уапси 24 годишен лажен лекар од Македонија и им стави крај на низата дрски измами со кои тој заедно со уште двајца соработници, измамил постари луѓе од цела Хрватска и успеал да извлече 81.270 евра, пишуваат хрватските медиуми каде измамата е гласна вест. Нашиот државјанин е осомничен дека, со помош на уште двајца соработници, маж и жена, кои сè непознати, ги убедил жртвите дека на членовите на нивното семејство им е потребна итна операција за да им извлечат пари и злато, известува Полициската управа во Загреб.
Измамата идентитчна како кај нас, се јавувале од странство и им кажувале на луѓето дека член на нивното семејство загинал во несреќа.
Криминалната група, како што се сомнева полицијата, дејствувала од почетокот на септември до почетокот на ноември оваа година, таргетирајќи постари лица во областите Загреб, Осиек, Вуковар и Вараждин.
Нивниот метод бил добро воспоставен: непознато лице ги повикувало жртвите од романски телефонски број, лажно претставувајќи се како лекар и кажувајќи им дека член на нивното најблиско семејство доживеал сериозна сообраќајна несреќа. За да ја направи приказната што е можно поубедлива, лажниот доктор потоа објаснувал дека е потребна итна и скапа операција за да се спаси животот на жртвата и дека е потребно веднаш да се предадат парите или златниот накит.
Плашејќи се за своите најблиски, жртвите верувале во приказната и се согласувале на сè. Тие ги носеле парите и накитот на договорени локации, најчесто во непосредна близина на нивните домови, пред куќата или станбената зграда. Таму, 24-годишниот осомничен ги чекал и ги земал вредните предмети и брзо го напуштал соседството.
По спроведувањето на кривичната истрага, младиот осомничен бил однесен во притвор.Против него е поднесен и посебен извештај до Општинскиот кривичен државен обвинител во Загреб за осум кривични дела измама, од кои едно било во обид.
Во Македонија телефонските измами станаа секојдневие, настаните ги полната полициските билтени, но истрагата за нивно откривање оди бавно. МВР направи и кампања за пензионерите кои се најчеста жртва на телефонските измами, да не веруваат на непознати се што им кажуваат по фиксен телефон и да не наседнуваат на приказните на измамниците.












