Тренерот на италијанската одбојкарска репрезентација, Фердинандо де Џорџи, испиша историја во својот спорт, станувајќи светски шампион по петти пат. Тој освои три титули како член на италијанската репрезентација, во 1990, 1994 и во 1998 година, а оваа недела ја „врза“ својата втора титула како тренер, бидејќи ги предводеше „азурите“ до титулата светски шампион и во 2022 и оваа, 2025 година, на Филипините.
Со триумф од 3:1 против Бугарија во финалето, одбојкарскиот Карло Анчелоти повторно ги остави сите љубители на одбојката без зборови.
- Треба да ме викаат само за светски првенства – рече Фете де Џорџи додека го држеше својот петти трофеј од светските првенства во рака, по финалето против Бугарија.
Во деведесеттите, Италија победи со него како играч, а оваа деценија ја врати својата доминација со него на клупата.
Во 2022 година, кога се врати на клупата, го наследи сегашниот селектор на Бугарија, Џанлоренцо Бленцини.
Де Џорџи постигна голем успех и на клупско ниво, бидејќи беше победник на Лигата на шампионите со Лудогорец во 2019 година, но токму неговите подвизи со италијанската репрезентација го направија бесмртен во овој спорт.