вторник, јануари 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бараат ветување дека сечата на шумата ќе запре

Бараат ветување дека сечата на шумата ќе запре

77

Жителите на Љубојно велат дека ќе останат на блокадите сè додека не добијат официјално ветување од надлежните институции дека сечата на шумата над преспанското село ќе запре и нема одново да се активира. Тие речиси еден месец протестираат.

Жителите на ова место, како и сопствениците на викенд-куќите и симпатизери од други краишта на државата и на празникот Денот на независноста, се собраа да го искажат својот револт од одлуката на јавното претпријатие „Национални шуми“ да дозволи гола сеча на дабовата шума во непосредна близина на селото на својот концесионер, фирмата „ДИБА Трејд“, од охридското село Косел.

Жителите на преспанско Љубојно со секојдневните протести кои почнаа уште на почетокот на август, успеаја, барем засега, да ја запрат сечата на шумата која се одвиваше над селото во близина на црквите „Свети Атанас“ и „Свети Петар и Павле“.

Велат дека откако почнале да протестираат, веќе ги нема камионите кои биле вклучени во сечата, а повлечени биле и тракторите заедно со сечачите и нивната опрема. Се сомневаат дека причина за тоа се скорешните локални избори.

Жителите облечени во маици „Сите го сакаме Љубојно“, секој ден излегуваат на протести од 9.30 до 11 часот.

ИЗДВОЕНИ