Добивката на банките во првото полугодие годинава изнесува 150 милиони евра. Голем дел од добивката е поради високите камати и провизии од кои живеат банките. Заклучно со 30 јуни годинава, од камати биле собрани 294,8 милиони евра, а од провизии 92,9 милиони евра (вкупно околу 390 милиони евра). Депозитите пораснале и на крајот од јуни биле 10 милијарди евра и на кредитите 8,5 милијарди евра, со што е за очекување средствата што ќе се соберат од камати и од провизии да бидат поголеми споредено со 2024 година. За споредба, во првото полугодие лани депозитите изнесуваа 8,8 милијарди евра, а кредитирањето – 7,5 милијарди евра.
На предлог од Народната банка, банките започнаа со поевтинување на секојдневното плаќање за граѓаните и за компаниите. Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци, кои граѓаните ги извршуваат преку МИПС, и се во просек за околу 50 %, додека електронското плаќање на граѓаните во истата банка (т.н. интерно плаќање) станува бесплатно во најголем дел од банките. Исто така, електронското плаќање на компаниите во МИПС станува поевтино во просек за околу 30 %, додека електронското интерно плаќање за околу 55 %
Поевтинува секојдневното плаќање за граѓаните и за компаниите. Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежните трансакции со платни налози. Од Народната банка информираа дека надоместоците за плаќањето што го извршуваат граѓаните преку Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) се намалени во просек за околу 50 %, додека електронското плаќање на граѓаните што се извршува во рамките на истата банка (т.н. интерно плаќање) станува бесплатно во најголем дел од банките.
– Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронско плаќање, заради нивна поголема достапност и користење, веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. Банките ги подложија на ревизија своите тарифници, намалувајќи ги надоместоците за извршување платежни услуги – велат од Народната банка.
Исто така, електронското плаќање на компаниите во МИПС станува поевтино во просек за околу 30 %, додека електронското интерно плаќање за околу 55 %.
– Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, кои се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а другите банки планираат да започнат со примена на намалените надоместоци најдоцна до октомври оваа година. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронското плаќање, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор – истакнуваат од Народната банка.
Овие намалувања нема многу да го потресат банкарскиот сектор, кој и натаму останува полн со пари. Полугодишните резултати што ги објави Народната банка деновиве покажуваат дека нема зима за македонските банки. Добивката на банките во првото полугодие годинава изнесува 150 милиони евра и е за само 5 милиони евра помала од тој период во 2024 година.
Голем дел од добивката е поради високите камати и провизии од кои живеат банките. Заклучно со 30 јуни годинава, од камати биле собрани 294,8 милиони евра, а од провизии 92,9 милиони евра (вкупно околу 390 милиони евра). Податоците покажуваат дека има раст на депозитите, кои на крајот од јуни изнесувале 10 милијарди евра, и на кредитите со пласирани 8,5 милијарди евра, со што е за очекување средствата што ќе се соберат од камати и од провизии да бидат поголеми споредено со 2024 година. За споредба, во првото полугодие лани депозитите изнесуваа 8,8 милијарди евра, а кредитирањето – 7,5 милијарди евра.
Инаку, на 30 јуни годинава, банкарската актива тежела речиси 14 милијарди евра, а во првото полугодие од минатата година била 12,2 милијарди евра, што значи дека за една година се зголемила за 1,8 милијарди евра.
На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, кои треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и на штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област.
(С. Бл.)