Банките во ЕУ воведуваат нови правила за трансфер на пари

44

Од 9 октомври 2025 година, сите банкарски трансфери во рамките на Европската Унија ќе мора да поминат низ нова проверка на примачот, што овозможува името на примачот да се провери во однос на соодветниот IBAN, објавуваат германските медиуми.

За секој трансфер, банката ќе ја провери точноста на внесените податоци и ќе го прикаже резултатот преку семафорски систем:

Зелена: Податоците се совпаѓаат во целост (Совпаѓање).

Жолта: Податоците речиси се совпаѓаат, а банката го прикажува точното име како предлог (Блиско совпаѓање“).

Црвена: Податоците не се совпаѓаат (Нема совпаѓање).

Во случај на црвена боја, клиентот одлучува дали да го изврши плаќањето сепак или да ги провери податоците со примачот. Според Германската банкарска асоцијација, новата проверка е воведена за да се намали ризикот од измама со плаќање.

Проверката на примачот ќе биде задолжителна не само во онлајн банкарството, туку и за хартиени трансакции на шалтер, каде што вработен во банката ги проверува податоците на лице место. Сепак, автоматската верификација нема да биде можна за плаќања депонирани во банкарско поштенско сандаче, и во тој случај клиентот ќе мора да контактира со својата банка за да се увери дека трансферот е успешен.

Овој чекор на ЕУ има за цел да ја зголеми безбедноста на финансиските трансакции и да ја намали можноста парите да завршат кај погрешно лице.

ИЗДВОЕНИ