Паоло Банкеро се согласи за нова соработка со Орландо. Тој доби максимален петгодишен договор од Орландо, вреден 239 милиони долари, со услов дека може да заработи дури 287 милиони долари ако се исполнат сите услови што зависат исклучиво од него (дали ќе биде МВП, во најдобрата петорка во НБА или одбранбен играч на годината).

Орландо претходно ги продолжи договорите на Франц Вагнер и на Џејлен Сагс за уште пет години, додека Дезмонд Бејн, кој пристигна од Мемфис, исто така доби долгорочен договор. На овој начин, клубот од Флорида си обезбеди мирна иднина бидејќи не мора да размислува за својот „костур“.

ИЗДВОЕНИ