Со златен стол од Ватикан за 15.000 евра! Кај Адам доаѓаат најмногу пејачи: Драган Којиќ-Кеба, Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Теа Таировиќ, Сека Алексиќ…..Така да за овој “крал“ со причина се шират муабети дека не само што е солено скап како врвен мајстор за веѓите, туку тие пари му овозможуваат да води живот, што се вели, “на висока нога“!
Адам Адактар е официјален светски “Крал на вегите“ (“Краљ обрва“) а, роден е пред 30-тина години во српскиот град Чачак. Живее мошне луксузно а, сите тие пари кои ги има заработено во бизнсиот со веѓите на Адам му овозможија да се на листата на најбогатите Срби. Мнгумина во Србија го ословуваат и со прекарот машки балкански “Кардашијан“. Затоа што и тој долго време имаше свое гледано реално тв-шоу насловено како „Адактарови“. Вистинското презиме му е Марјановиќ. Но поради имиџот со кој се претставува во светот, презимето го смени во уметничко Адактар. Со мегапопуларност се стекнал од како веѓите им ги средувал до совршенство на голем број познати српски личности, не само од естрадата и ако меѓу свои клиенти има најмногу пејачи. Како што се: Драган Којиќ-Кеба, Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, модната новинарка Рушка Јакиќ, Дара Бубамара, Теа Таировиќ, Сека Алексиќ…..
Така да за Адактар со причина се шират муабети дека не само што е солено скап како врвен мајстор за веѓите, туку тие пари му овозможуваат да води живот, што се вели, “на висока нога“. Кружеа шпекулации дека на Кеба му наплаќал и по 1600 евра за да му го реши проблемот со неговите „гајтан веѓи“. -Дојдете кукли, дојдете мачомени, Адам да ви ги среди веѓите, честопати знае да подвикне овој контровезен лик.
Инаку, долги години тој е во брак со саканата Анѓела со која има дури четири деца. Мајка му Алиса уште во 1994-та година отворила салон за убавина во Чачак, а продолжила да се занимава со тоа и откако се преселила во Белград. Така да талентот за веѓите и спретност за таа професија, Адам ги наследил од саканата мама.Познат е и по тоа, се што ќе си посака, ќе направи да ја реализира желбата. Никој не веруваше дека Адам од Ватикан ќе набави златен стол во парична вредност од 15.000 евра. За својот луксузен салон. Тоа се оствари. Сега планира да купи уште еден таков стол, ама за сопругата. Поседува возен парк, вреден околу половина милион евра. Неговите сограѓани од Чачак му се исмејуваа кога својот автомобил Maserati го обои во сина боја за да објави дека очекува син, а истиот потоа го обои и во розова боја, за да им покаже на сите дека чека ќерка.
-Не мора луѓето секогаш да ми платат за средување на веѓите. Тој што е природно грд, а при тоа и сиромашен јас веѓите му ги средувам без пари. Тоа е подарок од мене. Се сеќавам на две госпоѓи кога дојдоа во мојот салон и кога ги видоа цените, излетеа како “попарени“. Меѓутоа ги вратив назад, а веѓите им ги напарвив бесплатно. Беа презадоволни. Мислам дека тоа е о.к. Затоа што за 100 или 200 евра јас веѓи не средувам, не ми е тоа мотивација, вели секогаш комуникативен и оригинален светскиот “Крал на веѓите“, Адам Адактар. (Д.М.) фото:архива