Балкански естраден скандал поради „работа на црно“!

53

Бендот на пејачката Сека Алексиќ доби забрана за настапи и во земјите на Шенген-зоната!  Атрактивната пејачка Сека Алексиќ, која летово имаше голем успешен настап во нашиот Охрид, деновиве е во центарот на естраден скандал. Огњен Мартиновиќ, сега веќе поранешен тапанар од нејзиниот бенд, јавно го обвини Вељко Пиљикиќ, мускулестиот сопруг на Сека, за виновникот поради кој сите беа уапсени, па по три дена пуштени на слобода. Само затоа што немаа работни дозволи за настапот во Швајцарија, туку се обидоа да направат концерт „на црно“. Затоа добиле тригодишна забрана за одржување на концерти и во земјите на Шенген-зоната.

Огњен тврди дека Вељко им закажал настап во сомнителен локал во Цирих, кој претходно веќе бил цел на полициски рации. Уште полошо е тоа што целиот бенд бил свесно испратен да настапи без задолжителните работни дозволи кои се бараат во Швајцарија. По пријавата, швајцарската полиција веднаш извршила рација и го привела целиот бенд. Ова е тежок финансиски удар за кариерата на секој музичар од Балканот. Без работна дозвола, настапите им се оневозможени.

Самата пејачка Сека Алексиќ не е воопшто загрижена бидејќи таа може слободно да патува со своите исправни австриски документи. Всушност, изјавите на Мартиновиќ ја разоткриваат темната страна на балканската естрада, каде што работењето „на црно“ е честа, но и крајно ризична појава. Настанот е воедно  предупредувачки и за сите македонски пејачи, музичари, кои доколку немаат соодветна папирологија за работа во Швајцарија, се ставаат на ваков многу голем ризик. (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ