Убаво ми е во Македонија, особено во Скопје, кое го сметам за мошне интересен град. Се чудам кога ќе слушнам дека скопјани се жалат на состојбата во својот град. Па, верувајте дека никаде не постои совршена метропола, секоја е со свои недостатоци!
(Дуле МИЌИЌ)
– Македонија е мојата втора куќа, токму вака вели мегапопуларната балканска пејачка Теа Таировиќ.Таа вчера гостуваше во Скопје по повод скорешниот спектакуларен концерт (на 15.11.) во арената „Борис Трајковски“.
– Многупати досега сум настапувала во оваа убава земја со распеан и мил народ, со луѓето што секогаш ме примаат како да им влегувам во нивната дневна соба, како да треба заедно да вечераме и да си раскажеме некои наши муабети. Сакам да кажам дека со македонската публика станав блиска, дека луѓето ги чувствувам како некоја роднина. Убаво ми е во Македонија, особено во Скопје, кое го сметам за мошне интересен град.  Се чудам кога ќе слушнам дека скопјани се жалат на состојбата во својот град. Па, верувајте дека никаде не постои совршена метропола, секоја е со некои свои недостатоци, вели расположената Теа, која на средбата со новинарите дојде во друштво на својот сопруг, новосаѓанецот Иван Вардај, чие презиме го носи само во личните документи. За армијата обожаватели останува Таировиќ.
Се чудам кога ќе слушнам дека скопјани се жалат на состојбата во својот град. Па, верувајте дека никаде не постои совршена метропола, секоја е со некои свои недостатоци, вели расположената Теа, која на средбата со новинарите дојде во друштво на својот сопруг, новосаѓанецот Иван Вардај, чие презиме го носи само во личните документи. За армијата обожаватели останува Таировиќ.
– Ова е трета јубилејна година по ред да имам ваков тип солистички концерт во Скопје. Одговорноста пред скопската публика е голема. Се подготвувам најмногу физички за повеќечасовното танцување на сцената, со моите танчари. Луѓето имаат можност да го видат тоа и на социјални мрежи. Последните два месеца, моите подготовки се жестоки, сериозни и бараат голем физички напор, објаснува Теа за весникот ВЕЧЕР.
На прашањето со која македонска пејачка би снимила песна во дует, Теа без секунда размислување одговара: – Тоа е Калиопи, една и единствена! Не треба дури ни да ме прашувате. Се знае која е Калиопи во музиката. И колку малку треба човекот да ја засака и како личност и како уметник. Но, јас ќе бидам стрплива додека да дојдеме до таквата песна во дует на македонски јазик. Којзнае, може и да ми биде гостинка на скопскиот концерт, само ако ни се поклопат слободните термини. Не губам надеж за таквата професионална средба. Приватно, се видовме и оваа есен во Скопје, а Калиопи ме угости, и мене и мојот сопруг, како вистинска домаќинка. Ја сакам, искрено!   Теа сака да истакне и дека е среќна што однапред знае дека на скопскиот концерт ќе има прекрасна и огнена публика, со која заедно ќе танцува. И со која заедно ќе ги пее нејзините хитови: „Нека пати она“, „Биби-хабиби“, „Плакала бих и без суза“, „Дубаи“, „Два и два“, „Бакшиш“, „Нека гори Балкан“… Исто така ќе бидат промовирани и најновите песни што таа ги подготвува за второто продолжение на нејзиниот најнов музички албум „Аска 2“. Прес-конференцијата помина прекрасно, а Теа доби убави подароци од своите обожаватели со кои остана да се фотографира и да размени муабет. Беше бесконечно стрплива, на сите им излезе во пресрет. Едноставно кажано, Теа одлично се разбира во шоу-бизнисот. Така треба, а тоа десетпати ѝ се враќа. Фантастично заработува на естрадата, а настапи има толку многу што тешко може на прсти да изброи некој слободен викенд, ни дури до наредната есен.
Теа сака да истакне и дека е среќна што однапред знае дека на скопскиот концерт ќе има прекрасна и огнена публика, со која заедно ќе танцува. И со која заедно ќе ги пее нејзините хитови: „Нека пати она“, „Биби-хабиби“, „Плакала бих и без суза“, „Дубаи“, „Два и два“, „Бакшиш“, „Нека гори Балкан“… Исто така ќе бидат промовирани и најновите песни што таа ги подготвува за второто продолжение на нејзиниот најнов музички албум „Аска 2“. Прес-конференцијата помина прекрасно, а Теа доби убави подароци од своите обожаватели со кои остана да се фотографира и да размени муабет. Беше бесконечно стрплива, на сите им излезе во пресрет. Едноставно кажано, Теа одлично се разбира во шоу-бизнисот. Така треба, а тоа десетпати ѝ се враќа. Фантастично заработува на естрадата, а настапи има толку многу што тешко може на прсти да изброи некој слободен викенд, ни дури до наредната есен.
Инаку, за тие што се слабо информирани, да кажеме дека Теа е родена во Нови Сад, Србија. Ќерка е на ТВ-водителката Божица Малевиќ и академскиот сликар Зоран Таировиќ. Нејзината баба од страна на таткото починала во НАТО-бомбардирањето на тогашната СР Југославија, кога им била целосно уништена куќата. Теа танцува од својата тригодишна возраст, кога започнала да посетува балетско училиште, а потоа го освоила второто место на Светското првенство во стандардни и латиноамерикански танци.
 Матурирала во новосадската гимназија „Светозар Марковиќ“, а подоцна се запишала на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со изјавите дека нема намера да студира психологија бидејќи уште од детството сонувала да стане пејачка, предизвика многубројни контроверзни реакции. Теа само си ги следи своите желби и соништа, претворувајќи ги во вистинските настани.
Матурирала во новосадската гимназија „Светозар Марковиќ“, а подоцна се запишала на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со изјавите дека нема намера да студира психологија бидејќи уште од детството сонувала да стане пејачка, предизвика многубројни контроверзни реакции. Теа само си ги следи своите желби и соништа, претворувајќи ги во вистинските настани.
(Фото: Инстаграм-архива и „Вечер“)






