Прилично луда, но и крајно интересна приказна ни доаѓа од Австралија. Имено, тешкашот Брандо Перичиќ (31) е најголемата приказна во светот на ММА изминатава една недела. Австралискиот Хрват, чии родители се по потекло од Сплит, го декласираше Елисон во неговото деби во УФЦ, на настан во Перт, Австралија, нокаутирајќи го во првата рунда.

По настанот, пристигна шлагот на тортата. Перичиќ беше меѓу четворицата среќници на кои им беше доделен бонус за најдобар настап на вечерта. Покрај него, дополнителни 50.000 долари доби Карлос Улберг за нокаутот над Доминик Рејес, потоа Том Нолан за својата победа на мечот против Чарли Кембел, а бонус доби и Џими Крут со триумфот над Иван Ерслан. Но, да се вратиме на Перичиќ.

Тој пораснал во Австралија, но последниве неколку години тренира во Нов Зеланд. Тимски колега му е Израел Адесања, поранешен шампион во средна категорија на УФЦ.

  • Последните неколку години спиев во мојот автомобил и во скапани вежбалници. ММА е мојот живот. Зедов кредит од 100.000 долари за да можам да одам во Нов Зеланд да тренирам – откри Перичиќ по победата во своето деби во УФЦ.

Тој откри и некои шокантни детали на прес-конференцијата по борбата.

  • Пред четири години, си вперив пиштол во главата. Сега сум тука благодарение на моето семејство, тимот и на Бога. Мојот тренер ме спаси, веруваше во мене – откри борачот кого го нарекуваат Балканска Мечка.

ИЗДВОЕНИ