Балканската банда „Пинк Пантер“ прва на „тапет“ за спектакуларниот грабеж на  скапоценостите од „Лувр“

52

Тоа совршено се вклопува со нивната претходна работа и методите што ги користат. Овој тим крадци е многу професионален. Тие веќе мора да имаат добро организирана мрежа за преработка и криење на украденото и несомнено веќе ја напуштила Франција. Пинк Пантер има своја шема на работа. Тие никогаш не крадат слики, бидејќи се тешки за препродажба, пазарот е ограничен. Тие одат само по вреден накит, кој полесно можат да го обработуваат и препродаваат, и така брзо да заработат пари, вели поранешниот детектив Филипс

 

Неверојатно дрскиот грабеж извршен во неделата во познатиот париски музеј „Лувр“ ги носи сите обележја на бандата „Пинк Пантер“, се согласуваат британските безбедносни експерти кои го анализираа овој извонреден напад врз најпознатиот музеј во светот.

Непроценливото богатство украдено во грабежот веројатно веќе е прокриумчарено од Франција, тврди Бери Филипс, поранешен оперативен шеф на Летачкиот одред на Метрополитенската полиција. Богатството, кое вклучува илјадници поединечни дијаманти и смарагди, ќе биде искршено и обработено за продажба на отворениот пазар, убеден е Филипс. Француските власти во неделата објавија дека само странски криминалци можеле да го извршат седумминутниот напад врз светскиот музеј. Филипс, рече дека воената прецизност на грабежот сугерира дека го извршила бандата „Пинк Пантер“. Тој додава дека станува збор за криминална организација формирана од поранешни југословенски војници кои наводно извршиле дури 400 грабежи, вредни стотици милиони долари низ целиот свет, вклучувајќи ја и  Велика Британија.

-Тоа совршено се вклопува со нивната претходна работа и методите што ги користат. Овој тим крадци е многу професионален. Тие веќе мора да имаат добро организирана мрежа за преработка и криење на украденото и несомнено веќе ја напуштила Франција. Пинк Пантер има своја шема на работа. Тие никогаш не крадат слики, бидејќи се тешки за препродажба, пазарот е ограничен. Тие одат само по вреден накит, кој полесно можат да го обработуваат и препродаваат, и така брзо да заработат пари, вели Филипс.

Додава дека тешко е да се поверува дека немале некој внатре кој ги идентификувал сите слабости во безбедносниот систем во Лувр.

-Речиси сум сигурен дека имале некој внатрешен бидејќи ваквите грабежи вклучуваат многу подготовки и планирање, вели Филипс, нагласувајќи дека таков дрзок грабеж е голем срам за Франција.

-Секој безбедносен систем започнува од надворешниот слој и работи навнатре. Надворешниот слој тука бил надворешноста на зградата и тие многу лесно го пробиле. Французите велат дека се во процес на преглед на безбедноста на музеите и галериите. Па, треба да побрзаат, вели тој.

Дека крадците имале информатор одвнатре, смета и поранешниот крадец Лари Лотон.

-Тоа не значи дека лицето било вклучено во кражбата. Ако лицето било во брак со туристички водич, ако јас сум во брак со туристички водич и сакам да го ограбам местото, ќе знаете сè што треба да знаете, вели тој за „Фокс њуз“.

Лотон поставува клучни прашања што сугерираат дека крадците имале прецизни информации.

-Како знаеле дека може да се помине низ тоа стакло кое било непробојно? Како знаеле точно низ кој прозорец да се помине? Како знаеле дека таму има градежни работи, односно камион со кран? Значи, дефинитивно има внатрешен елемент. Не велам дека е вклучен, но некој морал да им каже што има, а што не, заклучува тој и ја опишува операцијата како „многу добро испланирана“ со можна вклученост на  градежен работник овластен да работи во Лувр или вработен во музејот.

-Тие не бараа нешто, туку отидоа директно таму, истакнува тој.

Според него, крадците ќе чекаат една година додека се смират работите, за да го продадат накитот кој прво ќе го искршат.

Француските медиуми објавија дека една третина од крилото на музејот од каде што беше украдено богатството дури немало ни камери за надзор. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нињез во неделата објави дека безбедносните мерки околу музеите и галериите ќе бидат засилени, а француската влада призна дека безбедносните протоколи „не успеале“ и испратиле „ужасна слика“ за земјата.

Бандата „Пинк Пантер“ постои со децении и еволуирала со текот на времето, со регрутирање на помлади и поагилни соучесници, иако камерата на „Лувр“ сними прилично крупен и постар крадец. Името  „Пинк Пантер“ го добила кога сокрила дијамант од 500.000 фунти во тегла со помада за лице при грабежот на златарницата „Граф“ во Мејфер, Лондон, во 2003 година. Тој трик беше употребен во првиот филм „Пинк Пантер“, во кој главните улоги ги играат Дејвид Нивен како крадец и Питер Селерс како несмасниот инспектор Клузо.

Се проценува дека оваа балканска банда украла накит во вредност од повеќе од 400 милиони фунти од луксузни продавници во 35 земји.

ИЗДВОЕНИ