петок, февруари 13, 2026
Дома БАЛКАН Балканска банда прошверцувала еден тон дрога во Виена: Уапсени се 9 осомничени...

Балканска банда прошверцувала еден тон дрога во Виена: Уапсени се 9 осомничени по повеќенеделна акција – им се закануваат долгорочни затворски казни

23
Фото:принтскрин, австриски „Хојте“

Голема криминална група, за која се претпоставува дека е поврзана со српската нарко мафија, е разбиена благодарение на истрајноста на виенските истражители, што довело до апсење на девет осомничени во изминатиот период, соопшти денеска виенската полиција.

Тие се обвинети за шверц на кокаин и на дури еден тон канабис од голема плантажа во Шпанија, а чие крајно одредиште била Австрија, поточно Виена. Дрогата била носена со камиони преку Франција, Италија и Словенија па се до Виена.

Како што пренесува австриски „Хојте“, камионските транспорти се вршени со возила карка „сканија“ и биле организирани на исклучително професионален начин.

Камиионите биле легално регистрирани на словенечки фирми и официјално превезувале дозволена стока, за полицијата да не може да се посомнева при контролите. Под овошјето, зеленчукот или другите производи, во просторот за товар била криена вистинската пратка -дрогата.

Во Виена и Долна Австрија, наркотиците потоа, главно ноќе, биле испорачувани на просторите за паркирање или во индустриските зони, а потоа складирани во повеќе станови. Полицијата со недели ја следеле бандата. Во текот на апсењето запленети се неколку стотици килограми канабис и десетици илјади евра во готово.

Вкупно девет осомничени (на возраст од 28,28,36,37,45,46 и 53 години) се наоѓаат во истражниот затвор во Виена. Утре ќе биде одржано нивно заедничко сослушување во затворот „Ландл“. Се соочуваат со долги затворски казни.

Инаку, осомничените веќе ги имаат ангажирано најпознатите виенски адвокати како Ник Раст и Мирсад Муслиу кои бранат еден од обвинетите Срби.

 

ИЗДВОЕНИ