Силен циклон со центар некаде над Италија ќе предизвика големо снежно невреме и обилни снежни врнежи во поголем дел од Балканот а снег ќе врне со денови. Најпогодени од овие обилни снежни врнежи ќе бидат Словенија, Хрватска, Босна и северот и западот од соседна Србија. Очекувам до 7 Јануари (Среда) да се формира голема снежна покривка на многу места а снежната покривка на повеќе места ќе надминува 50 сантиметри а локално таа ќе изнесува дури и до околу 100 сантиметри снег, најави Славчо Попоски.
Поради влажниот снег кој го очекувам можни се големи проблеми токму во овие предели од Балканот. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер од јужен а повремено и од североисточен правец.
Барем засега немам некои сериозни најави за обилни снежни врнежи за кај нас во Македонија, секако дека од 8 Јануари па во деновите потоа се поизвесно е ново заладување на времето и продор на ладен бран од север, но дали ова заладување ќе донесе и снег останува да видиме што ќе кажат понатамошните нови ажурирања на прогностичките материјали.
Едно е сигурно, дека Балканот е под закана на големо снежно невреме и огромно количество на снег а во делови од Албанија и Црна Гора постои опасност и од поројни поплави поради очекуваните обилни дождови во следните денови, вели метеорологот.












